Томосот за автокефалност од српскиот Патријарх е најголема измама во историјата на православието

Денеска на петти јуни 2022 година, СПЦ го заокружи сценариото кое добро го осмисли изминатиов период и го реализираше она за што предупредував повеќе пати.

Знаејќи каде води патот на МПЦ-ОА, по поднесеното барање за апелација кај Вселенската Патријаршија по повеќе од 50 години држење во изолација на македонските православни верници, српската патријаршија трасираше своја приказна и свој пат за да ја претрка Вселенската Патријаршија. Но дали успеа?

Тоа што денеска го направи српскиот Патријарх Порфириј, само десет дена откако во Соборниот Храм во Скопје беше поздравен со аплаузи за одлуката на СПЦ да одобри Автокефалност, е чин со кој на МПЦ-ОА и се понуди лажна автокефалност, е чин со кој Српскиот Патријарх се дрзна да ги менува канонските поредоци на православната црква воспоставени од нејизното постоење, пишува во својата колумна верскиот аналитичар Марјан Николовски за религија.мк.

Наместо да го извести Вселенскиот патријарх дека СПЦ е согласна за Томос за автокефалност на Охридската Архиепископија, Порфириј сам потпиша таков документ. Тој документ сам по себе во павославниот свет не е ништо друго освен дел од најголемата измама во историјата на православието. Тој Томос дефакто е лист харитија што МПЦ-ОА не ја прави никаква автокефална црква. Тоа е документ што најверојатно експресно ќе го признае само Руската црква и така МПЦ-ОА ќе стане дел од српско-рускиот свет во Православието. Тоа е документ, на кој некои покојни владици на МПЦ-ОА веројатно би го врзале „мачку у репу“.

Но, тоа е реалноста и тоа се фактите за ова што денеска се случи во Белград и тоа далеку од очите на јавноста, без да бидат информирани и сите владици на МПЦ-ОА, а веројатно и сите владици на СПЦ, бидејќи колку што забележав во Белград не беа претставници на ПОА.

Но, како да се гледа вистински на целата оваа ситуација, која практично е многу тенка линија на која гази дел од Синодот на МПЦ-ОА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*