Серија експлозии утрово предизвикаа бројни пожари на различни места во украинскиот град Одеса, изјавија локалните жители.




Експлозиите предизвикаа најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црно Море.




Портпаролот на регионалната администрација Сергеј Братчук изјави дека утрово е погоден еден од „критичните инфраструктурни објекти” во Одеса.
– Се надевам дека нема жртви, посочи Братчук.
Британскиот гигант „Шел“ нема да добие руски гас
Британскиот енергетски гигант „Шел“ нема да може да купува руски гас поради антируските санкции, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.




„Лондон сака да биде лидер на се што е антируско. Дури сака да биде пред Вашингтон! Тоа е цената!“ – изјави Песков.
Тој мислеше на фактот дека Велика Британија е единствената земја што воведе санкции за руската Гаспромбанка, преку која се плаќа рускиот природен гас. Мерката ефикасно ја негира можноста Британија да плати за стоката.
На 31 март, Путин потпиша декрет со кој се бара од купувачите на гас од „непријателските земји“ да отворат специјални сметки во рубљи и девизи кај Газпромбанк за да платат за испораките на гас. Тие ќе ги префрлаат средства во странска валута на Газпромбанк, која ќе купува рубљи на берзата и ќе ги префрли на сметките на купувачите во рубљата за да изврши плаќања на добавувачите на Русија.




Енергетската криза за некого е профитабилна – Ирак од извоз на нафта во март заработил најмногу во последните 50 години
Ирак, вториот најголем производител во Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК), реализирал „извоз на 100.563.999 барели нафта во вредност од 11.07 милијарди долари, што е нјаголем приход од 1972 година“ – соопшти ирачкото министерство за нафта.
Податоците што се објавени вчера се прелиминарно, но конечните податоци, во принцип, не отстапуваат многу од прелиминарните, соопшти претставник од министерството.




Во февруари приходите од нафта го достигнаа осумгодишниот максимум од 8,5 милијарди долари, со дневен извоз од 3,3 милиони барели нафта.
Приходите од извозот на нафта се над 90 отсто од вкупните приходи на Ирак.


