Различни реакции по вчерашното соопштување на резултатите од пописот. Додека една група на политичари, аналитичари и јавност, сметаат дека имало Европски попис, други сметаат дека резултатите не се релевантни.




Најголеми дилеми има околу верското изјаснување, но и административното запишување на оние кои бојкотираа, а сега се запишани без графа националност, бидејќи законски, тоа неможе да им се одреди административно.
-Попишувачот не смееше да влијае врз одговорите што ги даваа граѓаните, па ако луѓето кажале дека се христијани по религиска припадност, тогаш попишувачот е должен да ги внесе во графата „христијани“.




А ако луѓето потенцирале дека се православни христијани или дека се католици христијани, тогаш нивниот одговор ќе отишол во графата „православни“ или „католици“.
Ова за Плусинфо го објаснува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако во јавноста се крена прашина поради тоа што во табелата за религиска припадност постои посебна графа „христијани“, иако постојат и графите „православни“, „католици“, „протестанти“, „адвентисти“…




Симовски потенцира дека вината не е во попишувачите или во ДЗС, а топката ја префрла кон граѓаните за кои вели дека самите тие, случајно или намерно, не потенцирале во која група припаѓаат.
Лидерот на нопозицијата, Христијан Мицкоски, вчера во гостувањето на емисијата „Што не е јасно“, даде предлог што со оние кои потпаднале на црната пропаганда и бојкотирале.




-Ние имаме 132 илјади граѓани кои се неизјаснети. Од Заводот за статистика, кај чекаа 6 месеци, можеа да почекаат уште неколку недели, да поминат, да ги посетеа непопишаните граѓани и да ги попишеа.
Бидејќи вака, ние ќе велиме дека 90 проценти од овие граѓани се Македонци, Албанците можеби ќе викаат дека се Албанци.




За да нема какафонија, еве накнадно, ако има волја од Заводот за статистика, нека појдат и нека ги попишат, рече денес во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“, на Алфа телевизија, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.




Општи се оценките дека повикот за бојкот, беше на штета на Македонците. Едни од главните заговорници за бојкот, беше партијата ЛЕвица, на Димитар Апасиев.
Неговиот поранешен „соборец“, Здравко Савевски, со совет до граѓаните кои се незадоволни од процентот на Македонци во пописот:




„Тие што не се задоволни од процентот на етнички Македонци на пописот треба да си побараат одговорност од оние што ги убедуваа да го бојкотираат пописот, а кој бојкот предизвика доста луѓе етнички да бидат класифицирани како „останати“, а не како Македонци“, напиша Савевски во статус на својот профил на социјалните мрежи.




