Владимир Путин денеска изјави дека Западот сака култура на откажување и дека ги забранил руските писатели и книги, што е незамисливо во Русија, каде што нема место за етничка нетрпеливост.
„Денес тие се обидуваат да ја уништат илјадагодишната држава, нашиот народ. Зборувам за прогресивна дискриминација на сè што е поврзано со Русија, за овој тренд што се случува во голем број западни земји и со многу уживање и понекогаш охрабрување на владејачките елити тоа се претвори во укинување на културата“, рече Путин на средбата со лауреатите на Претседателската награда за литература и уметност во Москва.
Според Скај Њу, Путин ја навел авторката Џ.К. Роулинг како доказ дека Западот сака култура на откажување и сега соодветно се однесува кон Русите. Тој исто така спомнал дека културата на откажување е како нацистичкото палење книги во 1930-тите.
„Се сеќаваме на тие снимки кога палеа книги. Сега сакаат да ја укинат и Русија, руската култура“, рече Путин.


