ЛАЖАТ, ЈАС ДА БИДАМ ОСУДЕН НА ДОЛГОГОДИШНА РОБИЈА, ТИЕ ДА СЕ СПАСАТ! Никола Груевски вџашен од денешните сведочења во „Плацеви за Водно”

Поранешниот премиер, првообвинет во случајот за наводно купување плацеви на Водно со партиски пари, на Фејсбук ги коментира исказите на кумот Ристо Новачевски и на Орце Камчев.

„Ова не е правда. За правда треба докази а не изнудени лажни изјави со брутални методи кои немаат врска со демократија, кои немаат врска со фер постапка и кои имаат врска само со желба и порив за уништување. Ова е перфидна игра која е полоша и од војна бидејќи во војната сепак има некои правила. Ова не е правда. Преблаго е ако кажам дека ова не е фер, бидејќи станува збор за нешто многу полошо и пострашно. Ова го нема ни во Африка”.Ова е коментарот на поранешниот премиер Никола Груевски на денешните сведочења на обвинети лица во случајот “Плацеви на Водно”, објавен во долг пост на Фејсбук.„Во последните денови обвинителката Лиле Стефанова  која во последните 7-8 години се занимава речиси без исклучок со конструирани случаи против лица од ВМРО-ДПМНЕ, по истата методологија како во ‘Титаник’, нудејќи милост на други обвинети со пресуди кои нема да ги однесат во затвор, очигледно викајќи ги еден по еден обвинетите  направила нечесна спогодба, како на пазар, со повеќето обвинети, со која доколку ги сменат досегашните изјави и целата вина ја префрлат на мене, ќе им даде ослободителна пресуда или блага казна со која не би оделе во незаслужен затвор.Доколку го добие тоа што треба обвинетите да и испорачаат, ќе прати порака на судот за видот и висината на казната, овој ќе ја преточи во пресуда и нема да следи жалба, бидејки обвинителот е задоволен, обвинетите се задоволни, сите  се задоволни. Освен правдата, правичноста и вистината, употребени во обид за мое уништување и осудување со долгогодишна казна затвор. Луѓе кои  цела година и половина се под тортура, по притвори, под закана итн, и ги издржаа тие премрежија и предизвици, се бранеа со сите сили, докажувајќи ја вистината, докажувајќи дека обвинението кон нив и кон сите е лажно, невистинито и конструирано, кои ги издржаа сите тие репресии, на крајот кога веќе обвинителството беше пред пораз со овој лажен и конструиран случај, соочени со моќта и безкурпулозната бруталност на власта преку обвинителството, подклекнаа и одлучија да ‘продаваат’ други луѓе за да се спасат. Не се тоа ‘предавања’, бидејќи предавање претпоставува дека нешто се случило па некој кажал за тоа, туку тоа е прифаќање на нечесната понуда за ‘продавање,’, со цел тргување за сопствен спас, со што прифаќаат срамно да се спасуваат”, коментира поранешниот премиер, првообвинет во “Плацеви на Водно”.Груевски ги коментира сите денешни сведочења. Овој дел од неговиот пост на Фејсбук го пренесуваме во целост:„Денес во судот прв изјава даде обвинетиот во случајот ‘Плацеви Водно’ Ристо Новачевски, кого во 2020 година го ставија во притвор со цел да изнудат изјава каква што сакаат, која од тогаш па до денес ја промениле со цел да биде уште полоша за мене.Шпекулациите на медиумите уште кога Ристо Новачевски излезе од притвор без посебни мерки, беа дека е уценет и договорен да служи како инструмент на обвинителството, со цел да се спаси со ослободителна, условна или некоја друга ниска или симболична казна, независно дали тоа ќе се случи на првостепениот суд или на повисоките судови, се покажаа точни, освен во делот дека тој ќе биде сведок како што очекуваа.Но, обвинителството, за да го држи под цврста контрола до последен момент, наместо сведок, го направи обвинет и буквално му диктира што да каже во денешната изјава.Во обвинителството беа свесни дека во случајот ‘Плацеви Водно’ имаат загубен предмет и на Ристо Н. гледаат како на последна шанса да се вратат некако во игра, иако било кој од стручните лица, ако ги прашате  ќе кажат дека тежината на исказот на обвинет кога говори против некој друг за себе да се ослободи е никаква, бидејќи се смета дека обвинетиот може да лаже за да си помогне себеси за разлика од сведокот (освен сведоци кои се исто така обвинети и уценети во друг случај и се под закана во случајот на истиот обвинител во други предмети).Ристо Новачевски денес кажал дека сум го повикал и сум му кажал дека сакам да правам градежна фирма и да се бавам со градежништво, па сум му предложил тој да биде управител.Ристо Н. срамно лаже. Тоа не е вистина. Никогаш не сум помислил да правам градежна фирма, а уште помалку Ристо да е управител. Никогаш преку никаква и ничија фирма или лице не сум купил земјиште или станови. Преку овој лажен исказ сакаат да кажат дека кога бев премиер, кога работев по 15 часа на ден да ја придвижам земјата напред и кога Македонија под мое водство како премиер редеше успеси на секое поле, економијата растеше со највисоки стапки во Европа и имавме успешни реформи на секое поле, јас сум сакал да станам градежник. Тоа е бесрамно лага.Ристо Н. денес во изјавата се надминал себеси и од изјавата која ја дал кога бил во притвор во 2020 година. Тогаш таму потпишал исказ дека сум го викнал и сум му понудил да биде управител на фирма на некои странски инвеститори. Тоа е неговата изјава во есента 2020 година. Тогаш не вели дека јас сум сакал да правам градежна фирма  туку дека странски инвеститор  бара управител и дека тој прифатил.Ова е всушност трета негова изјава на оваа тема и сите три се различни.Во првата изјава во обвинителството уште во август 2015 година тој кажал дека одреден бизнисмен, кој за жал денес не е веќе жив, го викнал на средба и му го понудил местото управител во фирма на странски инвеститор кој сака да вложува во земја и во градба на куќи. На прашање на обвинителот дали Никола Груевски има некаква врска со тоа, Ристо Новачевски  одговорил дека Никола Груевски нема ништо со оваа компанија, ниту пак со локациите.За ова, како и за втората изјава постојат записници потпишани од него и секако од обвинителот.Пет години подоцна  во 2020 година, во втората изјава дадена додека е во притвор и под закана, наместо конкретно споменатиот бизнисмен, како лице кое му понудило да биде управител на странска фирма во сопственост на странски инвеститори, спротивно на претходната негова изјава, лажно ме посочува мене, дека јас сум му го кажал тоа.Во меѓувреме, во овие година и половина, соочена со губење на предметот, на обвинителката и дошла на памет уште поконкретна формулација за да ме обвинат мене, па денес во оваа трета верзија во судот се објаснува дека јас не сум му рекол дека е тоа за некој странки инвеститор туку дека е моја фирма и дека јас сакам да се бавам со градежништво со таа фирма.Во меѓувреме, заборавија дека на почетокот со месеци, речиси една и пол година, ме обвинуваа дека сум сакал да градам куќа во која би живеел.Откако фотографиите кои ги лиферуваше обвинителството во јавноста со некаква луксузна куќа, се испостави дека се извадени од некој австралиски магазин за убави куќи во Австралија, сега приказната ја променија и тврдат дека сум сакал да имам градежен бизнис на тоа земјиште, што значи да градам и продавам куќи. Практично во самиот финиш го менуваат обвинението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*