Остин: САД ќе го превртат небото и земјата за Украина да ја победи Русија

„Украина јасно верува дека може да победи, а исто така и сите овде“, рече Остин на отворањето на состанокот пред претставници на четириесетина држави,  инициран од Вашингтон во воздухопловната база Рамштајн во западна Германија.

Се собрале претставници на околу четириесетина земји, меѓу кои и Германија, која објави дека одобрила испраќање тенкови Гепард во Киев, што е голема пресвртница во досегашната многу претпазлива политика на Берлин.

Имајќи предвид дека Русија сака целосна контрола врз јужна Украина и Донбас, „можеме да направиме повеќе преку нашата одбранбена индустриска база за да продолжиме да ѝ помагаме на Украина да се одбрани на уште поефективен начин“, рече Остин. „Ќе продолжиме да ги превртиме небото и земјата за да им помогнеме“, додаде тој.

Остин во неделата го посети Киев каде се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со државниот секретар Антони Блинкен. САД испраќаат најмногу воена помош за Украина и сакаат да убедат што е можно повеќе земји да го следат примерот.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан вчера по средбата со својот украински колега Дмитриј Кулеба изјави дека Франција ќе ја зголеми поддршката за Украина во сите области, вклучително и војската. Состанокот, исто така, има за цел да ја гарантира безбедноста на Украина на долг рок.

„На Украина ѝ треба нашата помош денес за да победи, а ќе ѝ треба и кога војната ќе заврши“, рече Остин.

Средбата не се одржува во рамките на НАТО, иако е присутен нејзин претставник. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го откажа учеството поради здравствени причини. Меѓу учесниците има претставници и на Австралија и Јапонија, како и Финска и Шведска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*