На социјалните мрежи се појавија првите снимки од падот на авионот Боинг 737 кој денеска се урна во Кина, а во кој имаше 133 патници.
На една од снимките, која ја пренесоа повеќето медиуми, а чија автентичност се уште не е потврдена, се гледа густ чад во шумата во планините, на местото каде што се урнал авионот.
Кинеската телевизија CCTV објави дека авионот имал „несреќа“ и дека при падот во планинска област предизвикал пожар. Спасувачките екипи наводно се на пат кон местото на несреќата. На првата снимка јасно се гледа пожар кој зафатил голема површина.
