(Во живо) Xaoc на границата помеѓу Авганистан и Пакистан: Илјадници луѓе бeгaaт пред налетот на Taлибанците

Секој ден илјадници Авганистанци бегаат надвор од земјата откако талибанците презедоа воена офанзива по повлекувањето на странските трупи од таа земја. Годинава може да има околу 1,5 милиони Авганистанци „кои ќе бегаат кон запад“.

Стотици трошни пикап-камиони преполни со мажи, жени и деца секојдневно заминуваат од Заранџ, главниот шверцерски град во Авганистан. Од Заранџ кој е и главен град на далечната југозападна провинција Нимроз – возилата свртуваат на југ, низ жешката пустина и ја минуваат порозната граница со Пакистан.

Во пограничниот град Дак, во југозападната пакистанска провинција Балучистан, шверцерите ги префрлаат Авганистанците во Иран. Други им плаќаат на шверцерите за да ги однесат до Турција, од каде некои ќе се надеваат дека ќе стигнат до Западна Европа.

Видеото можете да го погледнете тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*