Рускиот претседател Владимир Путин вечерва наредил распоредување војници за да се зачува мирот во регионите на источна Украина, Луганск и Доњецк, кои се под контрола на сепаратистите, а кои Москва од денеска ги признава како независни држави, јави ДПА.
Путин му наредил на Министерството за одбрана да испрати руски вооружени сили на територијата на НРД и НРЛ заради „одржување мир“, стои во текстот од указот објавен на порталот за правни документи.
„Оценив дека е неопходно да се донесе одлуката која долго созреваше – веднаш да се признае независноста на Народна Република Доњецка и на Народна Република Лугањска“ – изјави Путив во телевизиското обраќање.



