Рекетари од АНБ и истражители кај Русковска, изнудувале пари од бизнисмени

Две лица, од кои едно вработено во Агенцијата за национална безбедност денес во полициска акција се уапсени при вршење изнуда во скопскиот ресторан „Оливе“.

Уапсените се Михаил Младенов познат по неговото сведочење како заштитен сведок во случајот 27.април, а второто лице е Вилијам Шекл, американски државјанин за кој постои информација дека е вработен во АНБ.

Двајцата го користеле нивното познанство со обвинителката Русковска, заканувајќи се дека токму таа води кривични истраги против рекетираните лица, за што барале пари од жртвите со цел да ги „спасат“ од понатамошна кривична истрага.

Лицето вработено во АНБ пак, според информациите на Инфомакс, е истото лице задолжено за оперативната обработка на бизнисменот Орце Камчев, врз основа на чиј извештај беше приведен и притворен за наводна намера за организирање на бегство.

Во моментот Вилма Рускоска бара запленување на компјутерите на вклучените лица од АНБ, на што Виктор Димовски се спротивставувал.
Во повидок е нов скандал во кој се вклучени лица од разузнавањето и власта на СДСМ.

Русковска пак за одговори не упати до ОЈО Скопје бидејќи предметот го водело тоа обвинителство.

– Предметот е на ОЈО Скопје, прашањата таму ќе ги упатите. Михаил го знам, беше обвинет во првиот предмет на за 27.април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*