На 21 март во Сиднеј, за првпат ќе се одржи свечена Гала вечер посветена на заслужните Македонци кои со својата работа и успеси придонесуваат за зачувување на македонската култура, музика и традиција во Австралија.
Настанот со наслов “Gala Evening: Honouring the Most Deserving Macedonians in Australia” е во организација на INTV Australia и ќе обедини Македонци од цела Австралија – од Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг и Перт.

Свечената вечер ќе биде исполнета со богата музичка и забавна програма. Специјални гости ќе пристигнат од Македонија, а како големо изненадување за публиката – две познати музички имиња од Македонија ќе се погрижат за незаборавна атмосфера. На сцената ќе настапат и музички гости од Сиднеј, кои ќе ја збогатат програмата со своите настапи.
Целта на оваа Гала вечер е да им се оддаде признание на најзаслужните Македонци во Австралија кои со својот труд и успех придонесуваат за заедницата и ја негуваат македонската традиција далеку од татковината.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на INTV Australia, со медиумска покриеност од новинарската екипа на INTV и други медиуми, за прославата да допре до што поголем број Македонци ширум светот.
Доколку познавате личност која заслужува признание, слободно контактирајте нè на:
intvau.com@gmail.com
infoestradaplus@gmail.com



