ОЧЕКУВАВ ОСТАВКА НА ЦЕЛОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ Изгубивме поради неостварените ветувања, вели Кирацовски

Во однос на оставките очекував целосна оставка од раководството од солидарност кон Заев. Иако, лидерот условно кажано сам потенцираше дека се чувствува најодговорен за случувањата, не е единствено одговорен – вели Кирацовски.

Битолчанецот Александар Кирацовски од СДСМ, поранешен  генерален секретар на партијата по поразот на локалните избори објаснува кои се причините за таков дебакл на неговата партија и за оставката на Зоран Заев.

Очекував оставка од целото раководство од солидарност кон Заев, изјави за Утрински брифинг Кирацовски.

– Партијата треба да биде отворена за нови личности кои ќе умеаат и ќе сакаат да придонесат, но тоа треба да се заснова на принципиелност. Лидер од политички калибар не се создава преку ноќ. Таа личност треба да поседува, храброст, мудрост и визија. Ќе биде тешко да се најде негова замена. Во однос на оставките очекував целосна оставка од раководството од солидарност кон Заев. Иако, лидерот условно кажано сам потенцираше дека се чувствува најодговорен за случувањата, тој не е единствено одговорен – вели Кирацовски.

Генезата на изборниот резултат на СДСМ според него е повеќеслојна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*