Во Сиднеј рекорден број смртни случаи од последици од Ковид-19

Uncategorized

Во најголемиот австралиски град Сиднеј во изминатите 24 часа регистрирани се рекорден број на смртни случаи на дневно ниво од последици од Ковид-19, додека во Мелбурн е продолжен карантинот за уште две недели и воведен е полициски час.

Сиднеј веќе осум недели е во карантин и е епицентар на новиот бран на Ковид-19 во Австралија. Од последици од Ковид за еден ден починаа седум луѓе, а регистрирани се 478 новозаболени. Во градот се распоредени 200 војници, задолжени да постават блокади на патиштата во најтешко погодените квартови, бидејќи многумина го прекршуваат карантинот.

Во Австралиија само 26 проценти од населението се целосно вакцинирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *