ВМРО-ДПМНЕ: Дали во бараките има документација која уплaшената власт во заминување ја yништува?

Неспособноста на Шилегов се гледа и во тоа што 40 минути немаше екипи за гаснење на пожарот додека гореа бараките на судот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Тие прашуваат дали станува збор за подметнат пожар на местото каде треба да се изградат згради и дали во бараките има документација која уплашената власт во заминување ја […]

ПОВЕЌЕ

(Видео) Портпаролот на Влада цензypираше новинар: Не дозволи новинар да праша за новото парламентарно мнозинство

Портпаролот на Влада, Душко Арсовски попладнево го цензурираше новинарот на телевизија Алфа, Матеј Петровски. Тој не му дозволи на Петровски да го добие коментар од премиерот Зоран Заев за најавеното ново парламентарно мнозинство од кое треба да биде дел коалициониот партнер на Заев БЕСА, а би го предводела ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВЕЌЕ

За една недела: 27 починати имале примено вакцина, откриени и заболувањата кои ги имале

Министерството за здравство ја објавува неделната информација за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

ПОВЕЌЕ

Влада: Се стопира изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место. Ова, како што е објавено на фејсбукот на Владата, доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот. -Граѓаните […]

ПОВЕЌЕ

Меѓународната заедница побара итно ослободување на премиерот и членовите на владата

Обединетите нации го осудија воениот удар во Судан и повикаа на итно ослободување на вршителот на должноста премиер на земјата и другите членови на владата. Во порака на Твитер, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш истакна дека премиерот Абдала Хамдок и сите други официјални лица кои беа уапсени од суданските безбедносни сили „веднаш мора да […]

ПОВЕЌЕ

МАСАКР ВО ВУХАН: Седуммина убиени – убиецот скокнал од мост

Кинеската полиција соопшти дека трага по маж кој убил седум лица во градот Вухан, а потоа скокнал од мост. Осомничениот 39-годишник убил петчлено семејство, а потоа уште две лица при бегството, соопшти полицијата во Вухан. Тој во неделата вечерта дошол во домот на привремениот секретар на владејачката кинеска Комунистичка партија во едно село во близина […]

ПОВЕЌЕ

Апасиев се предомисли: Гласачите не се вреќа компири, па да ви ги “дадеме”

Лидерот и пратеник на Левица Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека гласачите не се вреќа компири, па да ги “дадеме” алудирајќи на коалиција или поддршка во пресрет на вториот круг од локалните избори.

ПОВЕЌЕ

(Видео) Ана Петровска демантиpa: Не даваме поддршка на Шилегов во втор круг

Иако Петре Шилегов неколку пати напомена дека зелените движење ќе ја дадат поддршката за него во вториот круг, сепак Ана Петровска нема да го поддржи Шилегов во вториот круг. Откако Перо Камиказа и Бени Шаќири јавно кажаа дека ќе гласаат против Петре Шилегов, се јави со став и Ана Петровска која децидно ги демантираше овие […]

ПОВЕЌЕ

Mлад Албанец ја ypна цела кампања на СДCM: Како може кога буквално све македонско продадоа да те сакаат тебе како Албанец

Младиот студент на правниот факултет Умејр Муамеди ја ypниса цела кампања на СДCM со еден статус на социјалните мрежи. Неговата логика произлегува од националните предавства кои СДСМ ги спроведе во изминатите неколку години прашувајќи како тоа ако СДСМ не го сака македонскиот народ, би го сакала албанскиот народ во Македонија. -“СДСМ имале симпатија за Албанците […]

ПОВЕЌЕ