Обединетите нации го осудија воениот удар во Судан и повикаа на итно ослободување на вршителот на должноста премиер на земјата и другите членови на владата.
Во порака на Твитер, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш истакна дека премиерот Абдала Хамдок и сите други официјални лица кои беа уапсени од суданските безбедносни сили „веднаш мора да бидат ослободени“.
Претставникот на ОН во Судан Фолкер Пертес претходно го опиша апсењето на судански официјални лица како „неприфатливо“ и изрази загриженост поради извештајот за пучот.
„БАРАМ ОД СИТЕ ДА ПОКАЖАТ НАЈГОЛЕМА ВОЗДРЖАНОСТ. ЈА ПОВИКУВАМ ВОЈСКАТА ДА ГИ ОСЛОБОДИ СИТЕ КОИ НЕЗАКОНСКИ БЕА ПРИВЕДЕНИ ДЕНЕСКА И ГИ МОЛАМ СИТЕ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ ДА СЕ ВРАТАТ НА ДИЈАЛОГОТ И ДА ГО ВРАТАТ УСТАВНИОТ ПОРЕДОК, КАКО И ДА НЕ СТАВААТ ДОМАШЕН МИРОТ И ПОЛИТИЧКАТА ТРАНЗИЦИЈА СЕ ВО ОПАСНОСТ“, ИЗЈАВИ ФОЛКЕР ПЕРТЕС, ПРЕТСТАВНИК НА ОН ВО СУДАН
Вчера Министерството за информации на Судан соопшти дека војската уапсила еден цивилен член на Суверениот совет и членови на Владата и ги однела на непозната локација.
САД ги повикаа воените претставници во Судан итно да ја вратат соборената цивилна влада и најавија суспензија на финансиската помош од 700 милиони долари за суданската транзициска власт.
Судан е на работ на граѓанска војна по неуспешниот државен удар од минатиот месец, кој повторно ги започна обвинувањата меѓу војската и цивилните групи кои требаше да ја поделат власта по симнувањето од власт на поранешниот лидер Омар ал Башир во 2019 година, потсетува Дојче веле.
Башир беше симнат од власт и затворен по повеќемесечните улични протести, а политичката транзиција договорена по неговото симнување требаше да доведе до одржување на избори до крајот на 2023 година.

