Иако Петре Шилегов неколку пати напомена дека зелените движење ќе ја дадат поддршката за него во вториот круг, сепак Ана Петровска нема да го поддржи Шилегов во вториот круг.
Откако Перо Камиказа и Бени Шаќири јавно кажаа дека ќе гласаат против Петре Шилегов, се јави со став и Ана Петровска која децидно ги демантираше овие ставови на Петре Шилегов.
Таа демантира дека тие ќе го поддржат Шилегов.
– Ние јасно кажавме дека не поддржуваме ниту еден од кандидатите и ќе не‘ интересираат само нашите советници, вели Петровска.
Во продолжение може да го погледнете исечокот од гостувањето на Петровска на ТВ24.


