Ја поздравуваме дадената поддршка во вториот круг од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за кандидатите на опозицијата, меѓу кои и за нашиот кандидат во Старо Нагоричане кој е во вториот круг со кандидатот на СДСМ, се вели во денешното соопштение на ТМРО.
„Потребна е заедничка демонтажа на ненародната власт која ќе биде делегитимирана во недела, на сите места во Македонија со наша масовна излезност, глас за кандидатите за градоначалник на опозицијата и црвен картон на СДСМ, по што очекуваме да се врати националниот идентитет и суверенитет во единиците на локалната самоуправа на македонската држава“, соопшти ТМРО.


