Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати пред јавноста во врска со актуелната украинска криза.
„Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку од нас, и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето и европско тло. Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе неколку животи силно го осудуваме“ рече Ковачевски.
Според него, потезите на Русија се прекршување на меѓународното право и закана за евроатланската безбедност.
„Во овие турбулентни времиња, сакам да ве уверам дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Владата внимателно ќе ја следи состојбата во Украина и редовно ќе ги информира граѓаните“ – вели премиерот
Тој уверува дека Македонците треба да се спокојни, бидејќи како членка на НАТО, „ние уживаме и можеме да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот“.
„Ве уверувам, нашата земја е безбедна!“ вели Ковачевски.



