Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предмалку прогласи победа во Општина Аеродром, каде што кандидат за градоначалник од оваа партија е Тимчо Муцунски.
На социјалната мрежа Твитер се појави видео на кое се гледа дека партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ во моментов се излезени на улиците и со факели во рацете ја прогласуваат победата на нивниот кандидат.

