Тргнале во војна на Косово, ама биле вратени од граница- немале ПЦР тест!

По последните немири во соседството, членови на движењето Левијатан од Србија, во четвртокот тргнаа кон Косово и Метохија, но беа вратени дома  од граничниот премин Брњак бидејќи немале  ПЦР тест!

„Северот од провинцијата Косово и Метохија може да се помине само пеш. Сѐ уште е блокирано. И едно предупредување за луѓето што ќе се осмелат и ќе слезат е дека се потребни  ПЦР тестови на преминот Брњак. Значи, без тоа, нема шанси да пристапите. Значи, доколку тргнете во војна, задолжително направете ПЦР тест, инаку ќе ве вратат дома. Сине, оди тато во војна, штом ќе биде готов ПЦР тестот – објави Павле Бихали, член на движењето Левијатан на Твитер.

https://twitter.com/i/status/1448416499648106497

Бихали и другите членови на движењето Левијатан се упатија кон Косово и Метохија по немирите меѓу косовската полиција и српското население, кога повеќе од 10 лица беа ранети од огнено оружје. Членовите на движењето Левијатан, иако официјално се борат за правата на животните, познати се по своите екстремно десничарски ставови и застапуваат патриотизам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*