ЌЕ ТРЕБА ПОЛИЦИЈА ДА ГИ ЧУВА СЕВЕРНИТЕ ТАБЛИ ИЛИ ДА СЕ МОНТИРААТ НА ВИСОКО (ФОТО)

Ќе треба полиција да ги чува таблите со „Северна Република Македонија“ или да се монтираат на високо, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Само што беа поставени таблите на кои е напишано името Република Северна Македонија настрадаа од непознати активисти, објави Експрес.мк

Граѓани на социјалните мрежи објавија уште синоќа дека дел од таблите се прешкртани во делот каде е напишан зборот Северна.

Синоќа се извадени и буквите од објектот на Владата на Република Македонија, полето е чисто и спремно за новите букви.

Се очекува во текот на денов да пристигни „Северна Република Македонија“ на објектот од Владата, но не се знае дали ќе се златна боја или друга.









По неколкуте пријавени инциденти со таблите извори во МВР велат дека се размислува за оперативен план за заштита на таблите особено за тие што се поставени во граничниот појас со Грција, пишува Експрес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*