Ден пред ископувањето на гробот на 17-годишната кумановка Јелена, мајката пријавила закани во полиција.
Кумановската полиција ја потврди заканата.
„На 10.10.2021 година во 17.18 часот во СВР Куманово Г.Ф. пријавила дека околу 17.00 часот пред нејзината куќа на улицата „Мирче Ацев“ непознато лице и се заканувало. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од полицијата.
Според сознанијата на Телма, пред куќата на Филиповиќ застанало ауди а3 со сива боја, а возачот е најден неколку минути по пристигнување на полицијата на друга улица и се бранел дека застанал не да се заканува туку затоа што снемал гориво.
Полицијата за ископувањето на гробот, осомничи тројца, од кои двајца од нив затвореници од Идризово кои биле на викенд отсуство и кои според обвинителството сакале од гробот да украдат златен накит за кој што слушнале дека е оставен во ковчегот.
Загинатата девојка беше дел од кампањата „Спаси нечиј живот“, а билборд со нејзина фотографија и порака „Возев пијан и дрогиран… ја убив Јелена“ имаше во Куманово и Скопје.


