Пратеник ВЛЕГОЛ ВО ТАКСИ И ПОЧИНАЛ, бил ДЕЛ ОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА

Украинскиот пратеник Антон Полјаков (33), кој беше вклучен во истрагата за корупција во одбранбениот сектор,  починал утрово во такси, откако првично му се слошило.

Официјалните претставници на полицијата додаваат дека обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта, пренесе Ројтерс.

Полјаков беше член на партијата „За иднината“, иако влезе во парламентот како член на владејачката партија „Слуга на народот“.

„Полицијата откри дека се разболел во такси. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но можеле само да заклучат дека е мртов”, додала полицијата.

Таксистот рекол дека патникот влегол во неговиот автомобил во близина на центарот на Киев и дека потоа му се слошило, како и дека се жалел на гадење.

„Различни документи, мобилен телефон, пари и некои други вредни предмети беа пронајдени и одземени“, рече обвинителството.

Се додава дека таксито било однесено за детален претрес, а возачот бил испрашуван од истражителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*