Не најавени пристигна нова тура Авганистанци во Македонија

Uncategorized

Пред малку до редакцијата на Инфомакс пристигнаа фотографии направени на меѓународниот аеродром во Скопје на кои се гледа поголема група на граѓани за кои се претпоставува дека се од Авганистан.

Неофицијално се работи за нова тура на бегалци од Авганистан кои ќе бидат сместени во Македонија.

Она што е интересно е што македонската јавност ниту медиумите не беа известени дека ќе приситгне нова група на граѓани од Авганистан.

Извори од лице место говорат за имотната состојба на пристигнатите „бегалци“ кои поседувале најнови модели на телефонот марка „Ајфон“, лускузни часовници Ролекс и брендирана облека.

Неофицијално се очекува уште една тура бегалци да пристигне во понеделник.

Бегалците кои пристигнаа денес ќе бидат сместени во хотелите Белви, Њу Стар Визбегово и Континентал.

Заев повеќе пати во јавноста лицитираше со бројот на бегалци од Авганистан кои ќе пристигнат во Македонија за на крајот да каже дека не може со точност да ја потврди бројката на бегалци кои ќе бидат сместени во државава.

„Не можеме да ги потврдиме точно кои ќе бидат бројките, но многу е важна пораката и подготвеноста на една мала земја, во срцето на Балканот, која солидарно, рамноправно, рамо до рамо со целиот демократски свет ја испрати пораката на човечноста…“, изјави тој.

infomax.mк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *