Вкупниот криминал на оваа власт го осиромаши народот. Народот е ограбен и осиромашен и не постои човек во оваа држава на кој што не му е пишана казна за било што, само за да биде казнет и да му земат пари, вели новинарката Ивона Талевска за „Заспиј ако можеш“ на Алфа потенцирајќи дека службите кои се задолжени за полнење на празниот буџет се пуштени на максимален погон.
Талевска потенцираше дека се само за да се казнат граѓаните се измислувани причини како казнувани граѓани сами во кола за маска или за наводно брзо возење, без разлика дали навистина се возело брзо, и се тоа да се наполни буџетот кој е испразнет.
– Службите кои треба да обезбедат полнење на буџетите се пуштени на максимален погон, на најсилен погон да работат бидејќи очигледно е дека пари во буџетот нема. Парите исчезнувааат на магичен начин по различни тендери и канали, а народот е осиромашен затоа што нон стоп го казнуваат и бараат тој да ја плати крајната сметка, рече Талевска.

