Денес наутро се случи пукање во гимназијата Тимберви во Арлингтон. Напаѓачот застрела три лица, пренесува Фокс 4.
Независниот училишен округ Менсфилд потврди дека полицијата ги евакуирала учениците и наставниците од училиштето по инцидентот.
Повредените се пренесени во болница, но нема загинати.
Мајката на средношколец сподели видео во кое се слуша застрашувачки звук од пукање.
– Само што се вратив од работа. Се обидував да се опуштам кога добив порака од ќерка ми. Сите сме збунети. Едноставно не знаеме што се случува. Ова е премногу блиску до дома. Никогаш не помисливме дека вакво нешто ќе се случи во нашата област – рекла мајката на ученикот.


