Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес на Брдо кај Крањ изјави дека Србија и додека е на европскиот пат мора да води сметка за себе и за своите односи и со Русија и со Кина, и дека никој не може да ѝ го замери тоа што сака да преживее.
„Сакам да верува, дека иднината на Западниот Балкан навистина е во Европската Унија, но никој нема право, и за тоа зборував денес, да ни замерува за тоа што сакаме да живееме и преживееме“, им кажа тој на новинарите по самитот ЕУ-Западен Балкан.
Тоа е тема, како што наведе, која ги загрижува сите на Западниот Балкан бидејќи цените нагло растат, за што станало збор и на самитот.
„Мораме да размислуваме за енергетиката. Ме боли главата, со мака заспав ноќеска само размислувајќи за струјата и гасот. Чекам да се вратам во Србија за да им се јавам на сите можни, да направиме милион состаноци за да видиме што ќе правиме. Бидејќи јас гледам дека никој ништо не презема и ова станува неконтролирано лудило, а оној момент кога ќе биде за половина степен постудено јас ќе бидам виновен“, додаде Вучиќ.
Србија, како што истакна, и додека е на европскиот пат мора да води сметка за себе и своите односи со Русија и со Кина.



