Премиерот Зоран Заев денеска е во работна посета на Словенија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо-Крањ, каде истакна дека македонскиот идентитет не може да биде тема за преговарање.
Тој вели дека македонскиот народ со целата своја мирољубивост не може да ги оправда блокадите
„Не е нова вест дека за нас е прифатливо, во духот на европските добрососедски односи да ги интезивираме односите со нашиот сосед Република Бугарија. Ние велиме – да, можеме и мораме двете страни веднаш после изборите во Бугарија и Северна Македонија, како што ни прилега со искрена политичка волја да преземеме одлучни чекори за решавање на отворените прашања, но исто така не е нова вест дека нашиот јасен и гласен став за идентитетските прашања е дека македонскиот идентитет не може да биде тема за преговарање“, порача Заев, а известува специјалниот дописник на ТВ21 од Брдо, Словенија.


