Маја Глигоровска пред неколку години беше една од нашите најпознати манекенки. Ја ангажираа на модните реви, во треклами, во спотови и на многу случувања поврзани со мода и убавина.




Потоа, таа пресече и реши сосема да се повлече од овој свет и ѝ се посвети на својата вистинска професија, што се вели, работа по струка, за она за кое учела. Маја веќе 11 години работи како одделенски наставник во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје.




За Женски магазин, таа изјави дека за некои родители на почетокот е незамисливо што „некоја манекенка ќе им била наставничка на нивните деца“, кога ќе ја запознаат, таа има одлична соработка со нив.
Можеби така не ја доживуваат, но за себеси, Глигоровска вели дека е строг наставник и посветена мајка на Константино, кој има 14 години. Маја зборуваше и воспитувањето на синот и вели дека како самохрана мајка со овој предизвик се носи како знае и умее.




Таа во последно време многу патува, а една од дестинациите и беше и Дубаи кој го опиша на овој начин: „Дубаи е место кое е различно од сè што сум видела до сега. Сè е луксузно, гламурозно, златно, сјајно…како да сте на друга планета.




Една од моите животни желби беше да го видам Дубаи и среќна сум што ми се исполни. Интересно е што во Дубаи живеат 80 различни националности, Арапите односно како што тие ги нарекуваат – локалците процентуално ги има најмалку. Но, ако ми се укаже прилика да се преселам некаде, дефинитивно би живеела во Дубаи“, рече Маја.
Звршив Педагошки факултет, да бидам наставник е мој избор, децата се моја љубов, тука се пронаоѓам, се надградувам, учам јас од нив, учат тие од мене…




среќна сум што имам можност да учествувам во нивниот раст и развој и пред сè образование. Модните писти секогаш ми недостигаат..кога има интересна понуда која не се коси со мојата личност и мојот повик како педагог јас со радост ја прифаќам“, рече таа за својата сегашна професија.




Потоа коментираше на темата како ја прифаќаат родителите на учениците: „Сум слушнала коментари од типот на”наставничка ќе им била некоја манекенка”, тоа се случува пред да ме запознаат родителите на нови првачиња, но штом почнеме со работа нема предрасуди во врска со мојата предходна професија.





Јас не сум само убава жена туку и посветен наставник, не дозволувам да се делат децата, ги учам дека сите се рамноправни, работам на нивната самодоверба, разговарам со родителите на што да обрнат внимание во воспитувањето дома. Во координација сме 24 часа.“, изјави Глигоровска.
-Коментари и стереотипи имало само од страна на оние кои не ме познаваат доволно. Убава жена не е е по дифолт недостојна да работи во образовна институција. Јас го докажувам спротивното. Верувале или не, важам за строг наставник“, додала Маја.




Децата сепак многу ја сакаат својата наставничка, и таа на Инстаграм сподели како ѝ го честитале светскиот ден на наставниците. Многу честитки од дечињата со емотивни зборови дека таа е најдобрата наставничка, па дури и песничка која ѝ ја напишале децата во која велат таа таа ги гали со својот поглед.




Покрај сликите од учениците кои ги објави, таа упати порака: Среќен ден на просветните работници. Не заборавајте ЗОШТО ги учите. Просветните работници треба да бидат воспевани секојдневно“, порача Маја.




