Познат идентитетот на мажот кој се удави во Вардар

Случајот беше пријавен вчераутро по што полицијата поведе потрага и го откри безживотното тело на 73-годишниот гостиварец во близина на мостот меѓу Старо Чајле и Форино.

Според првичните сознанија на полицијата, очевидец по телефон пријавил дека маж скокнал од железничкиот мост под старата кланица, а неговото тело водата го однела по течението на реката. Безживотното тело е пронајдено со повреди на главата, најверојатно здобиени од падот.

Мотивите и причините за смртта, најверојатно ќе се утврдуваат по обдукцијата и постапката на јавен обвинител. /МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*