Најмалку пет лица се застрелани во пукотници пред еден ресторан на Менхетен рано утрово, соопшти њујоршката полиција.
Полициските службеници биле во близина на инцидентот кога го виделе напаѓачот како пука при што биле застрелани четири лица околу 4 часот наутро.
Полицијата потоа го застрела осомничениот, 30-годишен маж. Тој бил префрлен во болницата Харлем со повреди кои не се опасни по живот, пишуваат тамошните медиуми.
Според очевидци, група луѓе оделе по улицата кога еден човек застанал пред нив и почнал да пука.


