35-годишен маж пријавил дека сопругата со нејзината мајка ги нападнале баба му и девојка му, а потоа се обидела со нож да го повреди и него

На 25.09.2021 во 14.11 часот во Полициската станица Ресен, 35-годишен жител на ресенско село пријавил дека околу 14.00 часот дошла неговата сопруга Д.Н.(31), со која се во бракоразводна постапка, заедно со нејзината мајка и физички ги нападнале баба му и неговата девојка, по што Д.Н. се обидела со нож да го повреди него.

Полициски службеници излегле на местото и од Д.Н. бил одземен ножот.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*