ФОТО: Косовски специјалец ги провоцираше Србите и ги збесна српските медиуми

Протестот на Србите од Косово и Метохија, незадоволни од одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички со српски ознаки и да распореди специјални полициски сили на административните премини Јариње и Брњак, влезе во седмиот ден, јавуваат српските медиуми.

Ноќта на административните премини, кои со денови беа блокирани од камиони и тешка механизација, мина мирно, но ситуацијата се уште е напната.

Два авиони од типот „орел“ утрово прелетаа над Јариње во два круга, што предизвика голема радост кај српските граѓани кои мирно протестираат против последната провокација на Приштина, коментираат српските медиуми.

https://www.youtube.com/watch?v=YsEJTu0PT7s&ab_channel=RTSSajt-Zvani%C4%8Dnikanal

Околу половина час пред српските авиони, хеликоптер на КФОР прелета над областа каде што беа распоредени полициските специјалци и насобраните Срби.

Неколку авиони на српската армија вчера исто така во неколку наврати прелетаа над Јариње и Брњак, а се појавија непотврдени информации дека колона тенкови се движи од Рашкe кон административните премини.

Рано утрово беше забележана колона возила на косовската полиција, кои, според информациите од медиумите од Косово и Метохија, минале низ Зубин Поток на пат кон Брњак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*