Нови детали за извидничкиот камп: Малолетничка снимана гола, одземен телефонот на еден од организаторите

Се појавија нови информации во истрагата за извидничкиот камп што се одржал во близина на Скопје.

Но, најновите информации на истрагата покажувале дека на овој камп имало учесници надвор од Скопје, и сега тие се повикуваат на разговор, пишува „Слободен печат“.

Бил одземен и телефон на еден од организаторите, бидејќи во сведоштвата на децата било истакнато дека снимале девојче, малолетничка, која била сосем гола од половина нагоре, само еден колаж и ги покривал градите. Сето ова, било пропратено со музика (рок песни).

Инаку, се огласија и од Сојузот на средношколци од каде ги повикуваат надлежните институции детално да ја истражат секоја изјава за извидничкиот камп за сексуално вознемирување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*