МПЦО “Собор на сите Македонски светители” – Лозана Швајцарија

раги браќа и сестри!Нашата црковна општина “Собор на сите македонски светители” од Лозана – Швајцарија Ве известува дека на ден 03.10 (недела) од 9ч30 ќе го чествуваме нашиот патрон празник, ќе се отслужи Света Божествена литургија од страна на отец Горан Мантароски. Знаете дека изминатиот период од повеќе од една година, поради пандемијата, бевме спречени да извршуваме богослужби но на Наша голема радост за нашиот патрон празник властите ни дозволија да го одбележиме празникот.Апелираме на сите кои ќе присуствувате, ограничено присуство од педесет верници внатре во храмот, да ги запазите постоечките пропишани мерки. Црковниот одбор ќе се погрижи секој кој ќе дојде да може да запали свеќа но и да се помоли внатре во храмот. Се надеваме дека, после нажалост толку долг период многумина од Вас со вашите семејства ќе дојдете заедно да се помолиме на Сите Македонски светители кои се наши молитвени застапници пред Бога за здравје и спасение. Нека Господ Бог по молитвите на сите Македонски светители, се смилува над сите нас да престане оваа пандемија па да можеме повторно да продолжиме со редовните богослужби. Христос помеѓу нас! Од Црковниот одбор на МПЦО “Собор на сите Македонски светители” – Лозана Швајцарија

66

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*