Талибанците ги блокираа Авганистанците да влезат на аеродромот во Кабул, дозволуваат да влезат само странци, изјави за Спутник неименуван извор во талибанската комисија за културни прашања.
Според него, локалното население предизвикало хаос пред аеродромот, поради што биле затворени сите влезни врати. Тој додаде дека на Авганистанците со странски пасоши нема да им биде дозволен влез до понатамошно известување.
Еден од очевидците за Спутник изјави дека милитантите ги запреле возилата на амбасадата на влезот и не им дозволиле да ги соберат своите авганистански колеги и да ги однесат на аеродромот.
Ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели, откако започна офанзивата на Талибанците врз големите градови. На 15 август Талибанците ја презедоа контролата врз сите гранични премини. Во текот на денот милитантите влегоа во Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата. Во исто време, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата за, според неговите зборови, „да спречи крвопролевање“.
Прekината евakyацијата на авганистански соработници: Талибанците не им дозволуваат на Авганистанците да влезат на аеродромот во Кабул
Оддалечете се од Покварени луѓе, дури и ако се роднини: Оддалечувањето е патот до среќата, а љубовта кон себе е приоритет
Ако некои врски, дури и семејните, прават повеќе штета отколку корист, време е да си заминете. Љубовта кон себе мора […]
“Наша сцена” со Бумбари бенд,Дамјан Стојаноски,Ферус и Фаворити Битола
Сузана Гавазова со две нови песни и два спотови
Една од најпопуларните Македонски фолк пејачки Сузана Гавазова деновиве во Бугарија снимаше 2 спотови за две нејзини песни . Првата […]
Заев: Ќе примиме повеќе Авганистанци од другите затоа што имаме поголемо срце, ќе добијат времен престој од 90 дена
Немаме случаи на барања политички азил, но секако согласно меѓународните закони што се прифатени кај нас, ќе ги разгледаме ваквите […]