Веста за навдното апсење на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс најпрво ја објави портал за сатирични содржини. Во делот ,,за нас” на сајтот, се вели дека информациите објавени на него се информативни едукативни и за потребите на забавата. Овој сајт содржи хумор, пародии и сатира. Самиот портал додава дека го вклучува ова предупредување за своја заштита и за да спречи да биде тужен. Апсењето на светски познатиот Бил Гејтс би било пренесено во сите мејнстрим медиуми и би било објавено од страна на сите медиумски организации во светот. Но, ништо од тоа не се случи зашто веста е лажна. И по објавувањето на ваквата вест Бил Гејтс е активен на својот Твитер профил
Лажно се тврди дека Гејтс бил уапсен ,,во вторникот на 27 јули”, ,,откако со месеци го користел своето богатство и контактите со длабоката држава за да им избега на органите на прогонот”. Исто така, не е вистина дека Гејтс е обвинет зашто ја принудил американската Агенција за лекови да даде итно одобрение за ковид вакцина, знаејќи дека таа ,,ќе ја разложи човековата ДНК”. Во написот се додава и дека Гејтс е обвинет за трговија со деца, а дека откако е приведен ,,чека да биде пренесен на заливот Гвантанамо”. Контроверзниот затвор во Куба, Гвантанамо, инаку, американската администрација размислува да го затвори. Настрана фактот што сега веќе во Гвантанамо нема американски државјани и иако во минатото ги имало, денес е многу тешко да се испрати американски државјанин во Гватанамо.


