Напаѓач вооружен со автоматска пушка убил тројца полицајци и еден чувар на приватна компанија до зградата на француската амбасада во главниот град на Танзанија, Дар ес Салам, пред да биде убиен, соопштила полицијата.
Нападот и жртвите ги потврдил главниот полициски инспектор Симон Сиро во краткото видео објавено на информативниот портал Милан Ајо во Танзанија.
Полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот, додава инспекторот.
Уште шест лица се повредени во нападот на вооружениот маж, чии мотиви не се познати, изјави полицискиот командант Либератус Сабас.
„Во тек е истрага, ги повикуваме жителите да останат смирени“, додаде тој, како што пренесе агенцијата Франс прес.
Претседателот на Танзанија, Самија Сулуху Хасан испрати сочувство до семејствата на жртвите и рече дека е шокирана од убиството на полицајците и чуварот.

