Почина млад српски фудбалер по удар во карпа во Охридско езеро

26-годишниот Никола Стевановиќ – Коле од селото Доње Крајинце кај Лесковац, по скок од карпа, не се разбуди од кома. Во Скопје се бореше 12 дена за живот, по што им подлегна на повредите.

Никола беше фудбалер, а пред почетокот на сезоната, тој одмораше со пријателите на Охридското езеро. Во еден момент, тој скокна од карпа во езерото, удри во подводна карпа и го скрши вратот и шестиот пршлен.

Тој бил префрлен во Скопје, каде што бил опериран, по што паднал во кома од која не се разбудил, пишува Југмедија.

Зад себе ги остави својата мајка и сестра, оние што ги сакаше најмногу на светот. За него тагува и целата фудбалска заедница во областа Јабланица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*