Кај место викано „Бимбил камен“, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода В.Ј.(51) од с.Дихово и К.И.(33) од Битола.
август 24, 2021 87
Полицијата лиши од слобода двајца битолчани кои биле затекнати како палат оган во близина на борова шума.
– На 24.08.2021 на регионалниот пат Битола-Ресен кај место викано „Бимбил камен“, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода В.Ј.(51) од с.Дихово и К.И.(33) од Битола. На местото, во близина на борова шума, тие запалиле оган, со што постапиле спротивно на член 288 од Кривичниот законик, соопштува МВР.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
