Кога сонот станува јаве тоа е повеќе од личен успех, тоа е сатифакција која те понесува кон нови предизвици. Таква е и приказната на нашата Душица Попоски која во 2014 година решена да го следи сонот, да гради кариера на друго тло далеку од дома од Македонија, заминува во Перт, Австралија. И како што велат патот до успехот не е лесен и е полн се препреки па така и првата препрека на Душица била неможноста да ја нострифицира Дипломата за Медицинска сестра од Македонија.
“Никогаш не верував дека мојата диплома која ја стекнав со огромен труд студирајки 4 години во средното медицинско училиште во Скопје и преку 4 години работно искуство како медицинска сестра би била исправена пред предизвикот повторно да ја изучувам истата струка и да се докажувам во својата професија”, вели таа.
Но таа упорна во исполнување на својата цел повторно се враќа во училишна клупа но сега како интернационален студент во Австралија. Се стекнува со повеке дипломи во областа на медицината од кој и диплома за медицинска сестра. Нејзините професори го согледале потенцијалот и посветеност во неа па така ја номинираат за награда Амбасадор за North Metropolitan Tafe како Најдобар интернационал Студент од истата институција, која на крајот и ја освојува, за потоа повторно да биде номинирана за високо рангираната национална награда Најдобар Интернационален Студент во Западна Австралија. Со оваа награда Таа станува Национален Амбасадор за сите сегашни и идни интернационални студенти кои сакаат да ги продолжат своите студии во овој дел од Австралија. За искуството со студирањето во странство и на друг јазик кој не е мајчин таа вели:
“ Предизвикот е голем, исто така и притисокот да се биде успешен на професионален план каде студирате и комуницирате на јазик кој не ви е мајчин а притоа сте во професија каде и најмала грешка во комуникација би загрозила човечки живот”



