Лидерот на ДУИ Али Ахмети се обидел неколку пати преку посредници, меѓу кои и преку Муса Џафери, да го убеди Фатмир Лимани да се врати во партијата и да не поднесува независна кандидатура за градоналник на Кичево, но не успеал во тоа. Во разговор за МКД.мк Лимани вели дека на Кичево му е доста од неодговорни политичари, од корупција и кражби, од депонии, глутници опасни кучиња, од ширење на дрогата меѓу младите. Време е вели, проблемите да се решаваат, младите да не бегаат во странство и етничката припадност да не биде најважното нешто.


