Вечерва, на Меѓународниот фестивал на уметностите “Les Etoiles De Paris” во конкуренција на 350 учесници, оркестарот на “Танец” под водство на Дарко Илиевски ја освои апсолутната награда на целиот натпревар, Гранд прито. Настапот на оркестарот беше проследен со аплаузи на отворена сцена и беше испратен со овации.