КРИЗИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ ЗАПОЧНУВААТ! Либан остана без струја, енергетска криза се спрема и во Македонија?

Цел Либан денеска остана без електрична енергија додека земјата се наоѓа среде сериозна економска криза. Извори од владата кажаа дека двете најголеми електрични централи престанале да работат поради недостиг на гориво.

„Електричната мрежа целосно престана да работи напладне и веројатно нема да профункционира неколку дена“, велат владини претставници.

Во изминатите 18 месеци Либан поминуваше низ постојана економска криза и екстремен недостиг на гориво. Тоа го осиромаши народот, ја девалвираше валутата и предизвика масовни демонстрации против власта. Поради недостиг на девизни резерви, земјата тешко може да увезува електрична енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*