Однесувањето на германската влада ме остави без зборови. Министерството за одбрана очигледно не разбра дека се соочуваме со совршено опремени руски сили кои во секој момент можат да започнат нова инвазија на Украина. Каква поддршка ќе испрати Германија следно? Перници? – праша Кличко.
Германија и понуди на Украина 5.000 шлемови како форма на помош, што наиде на урнебесни, но и бурни реакции кај тамошните власти.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека Германија го оставила без зборови поради одбивањето да додели значителна воена помош и да се откаже од поддршката за гасоводот „Северен тек 2“, додека руските војници продолжуваат да се акумулираат во близина на украинската граница.
– Однесувањето на германската влада ме остави без зборови. Министерството за одбрана очигледно не разбра дека се соочуваме со совршено опремени руски сили кои во секој момент можат да започнат нова инвазија на Украина. Каква поддршка ќе испрати Германија следно? Перници? – праша Кличко.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија ја поддржува Украина и се согласува со другите земји од НАТО во осудата на наводната руска агресија.
Меѓутоа, воената поддршка не пристигнала, а се претпоставува дека причина за тоа би можела да биде зависноста на Германија од рускиот гас.


