Славјанка Петровска: Внимавам да бидам соодветно облечена, тие што коментираат за мене си го попoлнуваат времето

Новата министерка за одбрана, Славканка Петровска е член на СДСМ. Родена на 11.1.1982 во Скопје. Таа е дипломиран правник, а високот образование го завршила на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Славјанка Петровска во јануари ја прими функцијата нов минситер за одбрана, а во нејзиниот нов работен простор ја пречека досегашната минисљтерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Пред мене стои сериозен предивзик, да го сочувам она што досега е постигнато и да бидам политички двигател во процесите што ни претстојат“, рече новата министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Како да се договориле, Петровска и Шекеринска на примопредавање на функцијата во Министертвото за одбрана носеа исти штикли, сребрени, но исто така како да се договориле и двете да се облечат во малку појаки бои.

Шекеринска одржа говор, и таа облече розев капут и тесни панталони со штиклите, додека Петровска беше целата во сино, син мантил и син фустан.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска беше во прва официјална посета на Обединетото Кралство.

Петровска во оваа пригода беше пречекана, со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке” од страна на британскиот воен оркестар. За цело време од официјалниот пречек, Петровска беше придружувана од британскиот министер за одбрана, Бен Валас.

„Чест ми е што денеска се реализираше мојата прва официјална посета на Обединетото Кралство и средбата со британскиот државен секретар за одбрана Бен Валас.

Од Лондон ја испраќаме пораката дека остро ја осудуваме инвазијата врз Украина. Но, истовремено испраќаме и порака на обединетост на сојузниците и подготвеност да ја гарантираме безбедноста на државите – членки на НАТО Алијансата.

Северна Македонија и Обединетото Кралство се сојузници со извонредна соработка во одбраната која денеска со колегата Валас ја потврдивме и ја зајакнуваме,“ рече Петровска.

Министерката во Лондон се сретна и со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, сер Стјуард Пич, а учествуваше и на тркалезна маса посветена на современите безбедносни предизвици и нивното влијание врз Западниот Балкан, организирана од кралскиот институт РУСИ (The Royal United Services Institute).

Петровска се сретна и со Алисиа Херберт, специјална пратеничка на министерката за надворешни работи и министерка за жени и еднаквост во британската влада, Лиз Трас, а во британскиот Парламент имаше и работна вечера со Мартин Викерс, член на Парламентот и претседавач на сепартиската парламентарна група за Северна Македонија.

На официјалната церемонија, британската војска на македонски јазик ја поздрави министерката, по што воениот оркестар ја изведе македонската песна „Јовано, Јованке”.

На овој начин, домаќините изразија почит кон Северна Македонија, со што уште еднаш се потврди сојузништвото и соработката на двете земји, членки на НАТО.

Гардистот од Обединетото кралство, се доближи до министерката Славјанка Петровска и на чист македонски јазик и рече:

„Добар ден Ваша Екселенцијо. Седмата чета е подготвена за исполнување на вашата песна „Јовано Јованке“. Дозволете ни да ви се претставиме“.

Додека траеше интонирањето на познатата македонска песна, Петровска, заедно со министерот Валас направи смотра меѓу гардистите. Петровска последниве денови е ме та на шеги на социјалните мрежи.

-Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омра за. Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата.

Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сekcиcтичka призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење“, објави нејзината претходничка Радмила Шекеринска на Фејсбук.

За ови случувања и коментари таа даде свој коментар за ММС.

Од каде и да доаѓа, и која и да е причината, бидете сигурни дека нема да ме поколеба да ја извршувам оваа позиција. Сето тоа е дел од хибридните напади. Јас жалам што гледам обиди да се поткопа сопсвтената држава…“, рече Петровска за ММС и додаде:

-И приватно и службено внимавам да бидам соодветно облечена за пригодата. Не изгледам совршено, но мислам дека позицијата министер за одбрана бара одговорност и посветеност на носењето на одлуки и нивното спроведување.

Тие досетливи коментари, веројатно на тие што ги пишуваат и тие што ги читаат им се допадливи и веројатно си го пополнуваат времето“, рече Петровска апропо шегите на нејзина сметка откако рече дека Македонија е подготвена да испрати своја војска во Украина.

„Изјавата ми е извадена од контекст“, рече министерката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*