ЗДРАВЕ МУЗИК СО НОВ ХИТ – „НЕМА ДА ТИ ПРОСТАМ“ ГРМИ ПО СЦЕНИ, ТВ И ФЕСТИВАЛИ!

Музичкиот состав Здраве Музик повторно ја воодушеви публиката! Деновиве тие официјално ја промовираа својата најнова песна „Нема да ти простам“, уште еден силен фолк хит кој многу брзо почна да се шири по сцените, телевизиите и социјалните мрежи.

Составот премиерно ја изведе песната на годинешното издание на Роса фест, каде нивниот настап беше пречекан со громогласни реакции и одлични коментари. Публиката веднаш ја прифати песната и нејзиниот карактеристичен емотивно-фолк стил, по кој Здраве Музик се веќе препознатливи.

Потоа, групата ја промовираше и во популарното музичко шоу „ИмаТ немат“, каде токму тие беа домаќини на емисијата. Во живо ги следеа и ги придружуваа сите пејачи кои настапија, создавајќи атмосфера каква што може само еден од најдобро уиграните бендови во регионот.

Нивните активности не застанаа тука – „Нема да ти простам“ беше презентирана и во новогодишната програма на ИНТВ Австралија, што дополнително ја зацврсти популярноста на песната во дијаспората и привлече нови слушатели.

Здраве Музик веќе важат за еден од најбараните и најангажирани бендови во регионов, со настапи кои редовно го полнат распоредот и публиката ја оставаат без здив. Со новиот хит уште еднаш потврдија дека се во самиот врв на брзорастечките музички состави.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*