Русија ќе им дава финансиска помош на жителите на освоените територии во Украина

Москва финансиски ќе им помага на луѓето на ослободените територии на Украина, соопшти прес-службата на Министерството за вонредни ситуации на Русија.

„Еднократните исплати во износ од десет илјади рубли се наменети за поддршка на социјално најзагрозените групи на население – пензионери и работници во јавниот сектор“, соопшти Министерството.

Се посочува дека почнуваат со работа пунктовите за издавање парична помош кои ги обезбедува Националната гарда (Росгард).

„Луѓето се информираат преку медиумите, а потоа информациите им ги пренесуваат на роднините и соседите. Сакам да напоменам дека работата допрва почнува, но задачата што ни е доверена ќе биде целосно завршена“, изјави Купријан.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*