Нова песна од Анита и “Болеро бенд”

Анита и Болеро бенд” заеднички работат веќе шест години, но она што е најново кај нив е новата песна.

Посебно за истакнување е тоа што Анита е србинка по потекло, но одлично се вклопува тука со “Болеро бенд” и нивната нова песна е на македонски јазик, а е насловена “Само ти”

-Дојдовме до идеја пред неколку години за оваа песна, немавме ни доволно време да ја промовираме, но сега дојде нејзиното време. Томислав Которчевиќ го напиша текстот, Цуле аранжманот, Предраг Тримчевиќ музиката. Учевствувавме сите во тоа и дојдовме до идеја тоа да биде во опуштена варијанта. Се надевам дека со оваа емисија ќе добие на реклама и некои крила за да допре низ народот, вели Анита.

Песната е со брз и тактички ритам, која брзо влегува во уво  кај секој љубител на добриот звук. Инаку “Болеро бендот” го сочинуваат Панчо и Предраг, долгогодишни пријатели кои музиката ги спојува на посебен начин. Со Анита веќе соработуваат две години на музички план.

-Сега работиме на уште некои нови проекти. Ангажирани сме околу предновогодишните празници, како и за Новата година, додава Панчо.

Анита и “Болеро бенд” за најлудата ноќ ќе настапуваат во Охрид.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*