Во експлозија во џамија во северната авганистанска провинција Кундуз, загинаа 100 лица, јавува новинската агенција Амај.
Според извештаите, нападот се случил околу 13:30 часот по локално време. Голем број на лица се собрале на молитва во петок. Според прелиминарните информации, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа додека се наоѓал во верскиот објект.
Информациите велат дека покрај 100 загинати, има и над 200 повредени. Неколку лица се пренесени во болница. Нешто претходно во Кабул исто така се случила експлозија во која загинале 12 лица, додека 32 се повредени.


